Бугарските пратеници ќе расправаат за гласањето недоверба на владата на Петков

од Берта Китинска
244 прегледи

Во бугарското собрание се расправа за гласање недоверба на владата по шест месеци откако партијата на Петков „Продолжуваме со промената“ победи на изборите и формираше влада заедно со БСП, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“.

Иницијативата ја поденесе ГЕРБ поради неуспех во финансиската и економската политика на земјата.

Собраниската математика досега укажува на успехот на опозицискиот блок, со гласовите на партиите, кои ја напуштија коалицијата и рекоа дека ќе гласаат против владата на Кирил Петков.

Во собранието во моментов има 125 гласа за недоверба, што е доволно за пад на владата.

Доколку гласањето успее, ќе се направи нов обид Петков да формира влада.

Доколку не се формира влада, ГЕРБ ќе го добие вториот мандат, а во случај на неуспех од нивна страна, претседателот ќе го предаде третиот мандат на политичка сила по негов избор во националното собрание.

Во случај кога со овие процедури не успеат да формираат влада, шефот на државата го распушта парламентот и одредува датум за предвремени избори. Решавачки ден е утре кога ќе се гласа.

Слични содржини