Бугарското Министерство за надворешни работи информира дека земјата е подготвена да ја одобри првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со ЕУ, веднаш откако ќе го потпишеме билатералниот протокол.
„Денеска Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи“, објави бугарското МНР на Твитер.
Today🇧🇬Parliament took a decision in support of WB in the #EU We have not added any new requests to Skopje& stand ready to approve holding of the first political IGC as soon as our friends from🇲🇰sign the bilateral protocol,as discussed by the ministers of foreign affairs @MFA_MKD
— MFA Bulgaria (@MFABulgaria) June 24, 2022
Бугарското народно собрание гласаше „за“ нацрт-резолуцијата за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и отворање на патот за европска интеграција на РС Македонија.
За предлогот на партијата „Демократска Бугарија“, одобрен од Комисијата за надворешни работи, гласале 170 „за“, 37 „против“, а 21 биле воздржани, со што предлогот е прифатен.
Останатите два предлога биле одбиени. За предлогот на ДПС, кој вчера не беше поддржан од Комисијата за надворешни работи, гласале 101 „за“, 68 „против“, а 58 биле воздржани.