Бугарското МНР ќе се жали во ЕУ за бришењето на клубот „Иван Михајлов“

од Nikola Popovski
190 прегледи

Институциите во Скопје не изнесоа вистински аргументи за оспорување на регистрацијата на бугарските здруженија, изјавил денеска заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев на прес-конференција, како реакција на вчерашното бришење на клубот „Иван Михајлов“ од Централниот регистар на Македонија.

-Длабоко сме вознемирени од дејствијата на Северна Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница во земјата, додал Коџабашев.

Тој нагласил дека при затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“, „Скопје не изнесе вистински аргументи“.

-Одлуката е непринципиелна и тенденциозна и со тоа имињата на здруженијата се ставаат во искривен историски и идеолошки контекст. Фактот дека верувањата на Бугарите во РСМ не се компатибилни со тамошната историска доктрина, не значи дека не се компатибилни со правниот поредок и демократските принципи. Оценките за Иван Михајлов не се потпираат на обемниот корпус на историски докази и се насочени кон зачувување на монополот на намерно и ревизионистичко толкување на нашата заедничка историја, особено во однос на тврдењата за антисемитските убедувања на Иван Михаилов, изјавил тамошниот заменик-министер.

Коџабашев информирал дека „Бугарија ќе се обрати до Европската Унија за заштита на правата на Бугарите во Македонија“.

Тој потсетил дека Бугарија се уште чека информации и ефикасна правда против сторителите на, како што вели, нападите врз бугарските здруженија.

-Бавното спроведување на правдата е силно во спротивност со брзината со која беше донесена одлуката за бришење на клубот во Битола, реагирал Коџабашев.

Слични содржини