Бугарското МНР им се пожали на странските амбасадори за „зголемена репресија врз македонските Бугари“

од Nikola Popovski
256 прегледи

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев се сретнал со амбасадори и дипломати од амбасадите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), САД, Канада, Обединетото Кралство и Швајцарија во Бугарија. Дипломатите биле детално информирани за, како што вели, растечките трендови на институционална репресија врз бугарската заедница во Македонија, соопштиле од бугарското МНР.

„Во овој контекст, се одржа отворена и искрена дискусија со претседателот на Културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола, кој беше затворен од властите во Скопјe, Љупчо Ѓоргиевски“, велат оттаму.

Георгиев ја потврдил поддршката на бугарската држава за Ѓоргиевски и го нагласил бугарскиот став, кој ја дефинира како категорично неприфатлива пресудата изречена против него од страна на Основниот суд во Битолa на 12 јуни оваа година.

„Бугарија го гледа случајот и пресудата против Ѓоргиевски како политички мотивиран процес, неконзистентен со земја кандидат за членство во ЕУ, која претендира да биде пример за функционална демократија“, соопшти тамошното Министерство за надворешни работи.

„Бугарските институции остануваат цврсто посветени на гарантирањето на правата на Бугарите во РСМ, вклучително и со користење на сите меѓународни механизми во областа на човековите права“, порачуваат од Софија.

Слични содржини