Бугарското МНР ја повика на разговор македонската амбасадорка Руси Поповска поради претепувањето на Кадриески

од Nikola Popovski
452 прегледи

Вчера во бугарското Министерство за надворешни работи се одржала средба меѓу Славена Гергова, генерален директор за европски прашања и македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Попоска.

Бугарската страна изразила загриженост во врска со нападот на Бекир Кадриески, кој е копретседател на здружението на Бугари „Шемето“ во Струга, што се случи пред два дена и ја истакнала потребата македонските власти да преземат брза акција за ефикасна истрага и расветлување во случајот.

На средбата било посочено дека Бугарија очекува конкретни резултати во однос на другите инциденти со Бугарите и нивните здруженија во Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

Вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информираше дека е расчистен случајот со нападот, при што уапсено е едно лице. Во меѓувреме, од Министерството за надворешни работи апелираа „да има воздрженост од прелиминарни квалификации до целосно расчистување на случајот“ со Кадриески и прецизираат дека „со осомничениот за нападот бил извршен разговор и бил известен обвинителот“.

Бекир Кадриески во текот на вчерашниот ден беше пуштен на домашно лекување. Од струшката болница соопштиле дека му биле направени детални испитувања кои покажале дека нема сериозни повреди.

Слични содржини