По наредба на вицепремиерката Екатерина Захариева, привремениот шеф на Амбасадата на Република С. Македонија ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи на Република Бугарија за да биде побарано да објасни дали македонската влада е поврзана со кампањата за клевета против Бугарија од Словенечкиот меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии „ИФИМЕС“, објави БГНЕС, по соопштение добиено од Бугарското Министерство за надворешни работи.
Тамошното Министерството за надворешни работи ја изразува својата крајна загриженост за наводните информации дека поранешните или сегашните советници на премиерот Заев учествуваат во управувањето со посочениот институт.
„На веб-страницата на владата на РСМ се наведува дека словенечката организација има договор со извршната власт во Скопје од 2017 до 2020 година, за што добивала 1.000 евра месечно. Потсетуваме, институтот ИФИМЕС објави низа написи со јасна цел да го дискредитира и оштети престижот на нашата земја, преку лажни, искривени и манипулативно презентирани информации.
Во исто време, ние сме загрижени за тековните дискриминаторски активности на властите на РСМ – денес на границата беше запрен бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој се обиде да ги донесе бугарските книги „Бугарски народни песни на браќата Миладинови“ во РСМ во договор со Бугарскиот културен информативен центар во Скопје.
БГНЕС потсетува дека неколку европски публикации ги избришаа текстовите на скандалозниот словенечки институт ИФИМЕС, кој објавува клевети кон Бугарија. Во нив, Бугарија и Германија беа опишани како „мафијашки држави кои го сакаат нацизмот“. Словенечкиот институт објавува жестоки антибугарски „анализи и извештаи“ во последните две години со негативен став кон Бугарија“, стои во текстот на новинската агенција БГНЕС.