Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крастевски, по повод утврден случај на замена на бугарски споменик, лоциран на македонска територија.
На состанокот што се одржал денеска во тамошното министерство за надворешни работи, Вања Андреева, директорка на Директоратот за Југоисточна Европа, го известил претставникот на Република Северна Македонија во Бугарија дека бугарската дипломатска мисија во Скопје, открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.
Исто така утврдено било дека оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик бил заменет, цели делови од автентичниот текст биле отстранети и некои од имињата на убиените бунтовници биле сменети.