Бугарското МНР со честитка по повод Илинден: „Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија“

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер профилот упати честитка за празникот Илинден на Северна Македонија.

-Честит Национален празник на Северна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија, пишува бугарското МНР на Твитер.

Претходно, претседателот Румен Радев упати честитка до својот македонски колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на Република Северна Македонија Илинден – Денот на Републиката, соопштија од прес-службата на шефот на државата.

Бугарскиот претседател во честитката истакна дека годинава се навршуваат 120 години од „Илинденско-Преображенското востание – величествен и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Северна Македонија“.

-Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете земји и нивните граѓани, наведува шефот на бугарската држава.

Слични содржини