Движењето на дел од патните правци во Република Северна Македонија е отежнато поради влошените атмосферски услови и како последица од поплавите во одредени делови од земјата, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија.
-Поради обилните врнежи, регионалниот пат од село Степанци, општина Чашка, кон градот Прилеп е непрооден поради акумулација на земјана маса и наноси.
Поради излевање на Крива Река, привремено ќе биде во прекин патниот сообраќај од градот Крива Паланка кон селата Варовиште и Градец.
Во село Пчиња, општина Куманово, нивото на реката Пчиња е високо, а можно е и излевање.
По поплавите на 14.06.2023 година во општина Делчево, оштетени се темелите на мостот на Црвена Река, лоциран на магистралниот пат А3, во правец Македонска Каменица-Делчево. Сообраќајот на горенаведениот мост е ограничен и се одвива по една коловозна лента.
Поради планирано поставување на асфалтен коловоз, во периодот од 19 до 23 јуни годинава, патната делница до село Градско ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 до 18:00 часот.
Поради опасност од одрони, се препорачува внимателно управување со возилата на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани-Делчево.
Доколку е потребна помош, бугарските државјани во Република Северна Македонија можат да се јават во бугарската дипломатска мисија во Скопје на следните броеви: телефон: +389 2 3246 491; +389 2 3229 444, како и телефонските броеви за итни случаи во неработно време: +389 2 32 29 444; +389 2 32 46 491, информираат од Бугарското МНР, пренесуваат бугарските медиуми.