Бугарското МНР со протестна нота за сквернавењето на спомен плочата на 15 -те бугарски туристи кои загинаа во Охрид

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Министерството за надворешни работи на Бугарија со длабоко жалење го одбележува повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15 -те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид.

„Таквиот однос кон споменот на невините жртви од трагичната несреќа е неприфатлив.

Секој чин на омраза против друга држава или нејзините граѓани е во спротивност со основните вредности на модерните демократски општества.

Очекуваме властите на Република Северна Македонија да преземат брза акција за да ги идентификуваат сторителите и да одговараат, како и да ја вратат спомен плочата во првобитниот изглед.

Нашата амбасада во Скопје веднаш испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во која се изразува ставот на нашата земја“, додаваат оттаму.

Слични содржини