Бугарија отсекогаш се стремела да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Северна Македонија. Бугарската држава во изминатите години вложи многу труд во реализацијата на оваа цел, велат од бугарското МНР.
Во оваа насока Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја.
-Во оваа насока, МНР повторува дека се апсолутно неприфатливи какви било јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна. Тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја.Независно од бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Северна Македонија во последните месеци, таквиот говор го сметаме за неприфатлив и крајно контрапродуктивен. Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Северна Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство.Во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, ги повикуваме политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки за поддршка на процесот на враќање на довербата и воспоставување добрососедски односи, велат од бугарското МНР.