Бугарското Министерство за надворешни работи внимателно ги следи постапките на властите во Република Северна Македонија кон бугарските здруженија во Битола и Охрид, изјави експертот во ресорот Жељазко Радуков.
„Границата помеѓу легитимните постапки и административното вознемирување е многу тенка. Тоа е многу важно и сигурни сме дека нашите пријатели во Северна Македонија сфаќаат дека нивните постапки не треба свесно или несвесно да претставуваат кршење на Копенхагшките критериуми. Главната причина зошто Бугарија се противи на тема европска интеграција на Северна Македонија, е токму прекршувањето на овие критериуми, така што прашањето е од примарно значење за нашето министерство и за нашата земја. Ние го следиме. Доколку се утврдат проблеми, веднаш ќе преземеме акција“.
Министерството најави и дека ќе им помогне на претставниците на бугарските заедници во Албанија да се сретнат со претседателот Румен Радев во врска со претстојниот попис во земјата. Македонските организации тврдат дека во областите со бугарско население во Албанија, како Гора и Голо Бурдо, живеат Македонци, а не Бугари.
Во 2017 година, властите во Тирана официјално го признаа бугарското национално малцинство во земјата.