Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија ѝ честиташе на поранешната министерка и вицепремиерка Радмила Шекеринска за нејзиното именување за следен заменик-генерален секретар на НАТО. Ова се наведува во објава на бугарското министерство на платформата „Х“.
Бугарското МНР на Шекеринска ѝ посакува успех во нејзината идна одговорна професионална улога.
Официјална Софија изразува благодарност и до неодамна заменик-генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана.
Congratulations to @Sekerinska from the Republic of North Macedonia 🇲🇰 on being appointed as #NATO’s next Deputy Secretary General. Warm wishes to you, for every success in your future responsible role.
Thank you @Mircea_Geoana for your remarkable work.— MFA Bulgaria (@MFABulgaria) November 20, 2024
Честитка за новата функција на Шекеринска, пред еден ден упати и шефот на бугарската држава Румен Радев. Тој изрази надеж дека екс-министерката со својата работа ќе придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на воената алијанса.
Од македонската Влада се уште не се огласија за поставувањето на Шекеринска.