Бугарското собрание даде зелено светло за францускиот предлог

од Nikola Popovski
242 прегледи

Бугарското народно собрание гласаше „за“ нацрт-резолуцијата за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и отворање на патот за европска интеграција на РС Македонија.

За предлогот на партијата „Демократска Бугарија“, одобрен од Комисијата за надворешни работи, гласале 170 „за“, 37 „против“, а 21 биле воздржани, со што предлогот е прифатен.

Останатите два предлога биле одбиени. За предлогот на ДПС, кој вчера не беше поддржан од Комисијата за надворешни работи, гласале 101 „за“, 68 „против“, а 58 биле воздржани.

За предлогот на ГЕРБ, поднесен од Десислава Атанасова, гласале 104 „за“, 70 „против“, 56 биле воздржани.

Предлог-одлуката вчера ја разгледуваше Комисијата за надворешни работи и денеска го достави до Собранието на разгледување како прва точка.

-Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и „Демократска Бугарија“, е заснована на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на тоа за да бидат максимално заштитени бугарските интереси. Овој документ е многу близок до другата предлог-одлука предложена од ГЕРБ и поддржана од партијата на Бојко Борисов. Се предвидува ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Македонија преку нивното вклучување во уставот како државотворен народ, дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини