Бугарското ВМРО: Петков направи предавство со тоа што не се поклони на гробот на Гоце Делчев во Скопје

од Nikola Popovski
326 прегледи

Бугарската партија ВМРО-БНД ја оцени посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје како „медиумски балон“ и „кризен пи-ар“.

Во партиското соопштение испратено до бугарските медиуми се потсетува дека Република Северна Македонија одамна запишала во Уставот дека го почитува територијалниот интегритет на соседите, па вербалната нота за краткото име на државата до ОН, според партијата, е комична, но за сметка на Бугарија.

Бугарската партија го опишува како „историско предавство“ фактот што Петков бил првиот бугарски државник што го посетил Скопје без да се поклони на гробот на Гоце Делчев и како неприфатливо е „да се стават фашизмот и Бугарија во една реченица“.

„ВМРО инсистира на строго придржување кон позицијата утврдена на Консултативниот совет за национално безбедност. Замената на историјата со економија е неприфатлива. Замената на историската вистина само со идејата за човекови права, исто така е неприфатлива. Имаме право, авторитет, неопходност. Сè друго е поразителна услуга на странските интереси“, стои во реакцијата на ВМРО-БНД.

Слични содржини