Бугати произведува и алкохол

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Bugatti сериозно се впушти во продажба на производи кои немаат врска со автомобили. Покрај тоа што минатата година започна ограничена серија од 30 луксузни маси за билјард, Bugatti има и своја линија шампањ.

Шампањот го произведуваат во соработка со францускиот производител Champagne Carbon, а се нудат неколку „модели“ по доста поволни цени. Во 2019 година, по повод 110 години Bugatti, беше претставен шампањ наречен Bugatti EB.01 Edition, а создаден е EB.02 Chiron 300+ по повод претставувањето на најбрзиот Bugatti на сите времиња. Има и малку поскромно Bugatti Carbon Cuvée Luminous.

Сега линијата на производи е споена со EB.03 Bolide. На шишето шампањ, кое е посветено на моделот Болида, има дизајнерски елементи на автомобилот, неговото име и силуети на неговите светла во форма на буквата X, пишува „Јутарњи.хр“.

Содржината на шишето нема многу врска со Bugatti. Внатре е шампањ Blanc de Blancs од 2013 година. Шампањот од годината кога бербата резултираше со многу квалитетно грозје се опишува како интензивно и свежо со добра киселост и голем потенцијал за добро стареење. Доминантни ароми се цитрусните и пролетните цветови.

Едно шише од новиот шампањ Bugatti чини околу 350 евра, што го прави EB.03 Bolide најскапиот шампањ на Bugatti.

Слични содржини