Бухова: Дел од граѓаните даваат лажни податоци во епидемиолошките анкети

од Aleksandar Petrovski

ДСЗИ има одредени проблеми на терен во доставувањето на решенијата за самоизолација, рече директорката на ДСЗИ Ирина Бухова во вечерашното гостување на Топ Тема.

-Во одредени случаи се случува граѓаните да даваат лажни податоци за престој, односно адреса каде што ја издржува самоизолациајта, дава погрешен телефонски број и инспекторите од ДСЗИ имаат проблеми во доставување на веќе изготвените решенија. Меѓутоа нашит еконтакти со мвр се интензивираа и таму каде што имаме проблем со нивна асистенција ги пронаоѓаме посочените граѓани и решенијата им се издаваат, изјави Бухова во Топ Тема.

Таа соопшти дека на територијата на целата држава имаме околу 20 до 25 калстери, односно фамилии кои се поврзуваат со епидемиолошка анкета меѓу себе. Бројката на позитивни лица во овие кластери се движи од двајца до девет. Но напоменува дека ова е жива материја која со секој нова додадена епидемиолошка анкета, податоците се менуваат.

Слични содржини