Букмејкерите имаат нов фаворит за играч на сезоната во Англија

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Фил Фоден сега е фаворит на обложувалниците за играч на сезоната во Премиер лигата.

Англичанецот постигна „хет-трик“ во победата над Астон Вила минатата недела и тоа беше уште еден многу силен настап во сезоната.

Со досегашните 14 гола и 7 асистенции, Фоден веќе важи за главен кандидат за престижната награда, откако го смени соиграчот Родри, кој до неодамна беше кандидат број 1.

Шансите на Фоден се намалени на 2/1 на Скај Бет и покрај конкуренцијата во имиња како Сака, Салах и Ван Дајк, неговите шанси секако изгледаат прилично силни.

Со оглед на неизвесноста на Ерлинг Халанд и долгото отсуство на Кевин де Бруин, Фоден и Родри несомнено беа најконстантните играчи на Сити во текот на целата кампања, а надежите на навивачите за повеќе трофеи по минатогодишната тројна круна беа врзани за нив.

По 23-годишниот, се подредуваат Родри со 5/2, Рајс – 4/1, Ван Дајк – 7/1, Салах – 9/1, Сака – 10/1 и Халанд со 11/1.

Слични содржини