Букмејкерите предвидуваат дека на Тереза Меј нема да и биде изгласана недоверба

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Букмејкерите предвидуваат дека британската премиерка Тереза Меј вечерва ќе го „преживее“ гласањето за недоверба во Парламентот, кој е под контрола на нејзината Конзервативна партија.

Според обложувалниците „Вилијам Хил“, „Пади пауер“ и „Ладброукс“ веројатноста да не и биде изгласана недоверба е 86 проценти.

Но букмејкерите можат и да згрешат, како што беше случајот со референдумот за Брегзит, кога прогнозираа дека Велика Британија ќе остане во ЕУ.

Пред вечерашното гласање, најмалку 150 пратеници од Конзервативната партија јавно изјавија поддршка за Меј.

Ако загуби на гласањето, Меј ќе остане лидер на партијата и премиерка додека не се избере нејзин наследник, а ако победи – најмалку една година нејзината функција не може да биде доведена во прашање.