78
Албанскиот парламентарец Алдо Бумчи денеска оцени дека политичката криза во Македонија може да се реши само доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се поднесе оставка.
Бумчи, кој е член на опозициската Албанска демократска партија (АДП), за време на денешната седница на албанското Собрание изјави дека и Груевски и премиерот на Албанија, Еди Рама треба да си поднесат за да ги решат политичките кризи и во Македонија и во Албанија.
Бумчи вчера изјави дека премиерот Рама ја втурнал Албанија во политичка криза и оти со својата политика ги уништува компаниите, ги осиромашува млекарите со лошата откупна цена на млекото и граѓаните на Албанија со високата цена на електрична енергија./Мета