Лошите резултати на Атлетико Мадрид во последно време ја направија ситуацијата во тимот доста нервозна.
Новинарот Едуардо Инда тврди дека во соблекувалната на „јорганџиите“ се крева бунт против тренерот Диего Симеоне, кој за прв пат откако го презеде кормилото на тимот ја загуби контролата над своите играчи.
-Симеоне во последните 10 години секогаш успевал да има контрола над соблекувалната, но за прв пат, ова не е така. Сите гледаат само за себе, а на некои од играчите веќе им е преку глава од методите на Аргентинецот и му се лутат на Симеоне. Според мене, тој е повеќе мотиватор отколку деспот, но некои играчи сè уште не го сакаат неговиот стил на работа. Во тимот има група обединета околу Луис Суарез и Родриго Де Пол, кои го поддржуваат тренерот. Од друга страна, има луѓе како Анхел Кореја кои се лути на него бидејќи секогаш остануваат во втор план. Место него играат Гризман или Жоао Феликс, иако Аргентинецот постигна неколку важни голови“, изјави Инда.