Бунт во Белградскиот драмски театар: 17 актери одбиваат да настапуваат со Лечиќ

од Stefanija Kuzmanovska
508 прегледи

Дел од актерскиот ансамбл на белградскиот драмски театар побара од директорот Југо Радивојевиќ Бранислав Лечиќ да не игра во претставата „Kad su cvetale tikve“ поради обвинувањата дека ја силувал колешката Даниела Штајнфелд, пренесе „Нова.рс“.

Седумнаесет актери ја поддржаа оваа иницијатива, додека 14 беа воздржани. На порталот неофицијално утрово му беше соопштено дека Лечиќ не е планиран ниту да игра вечерва затоа што има алтернација и дека неговиот колега Ненад Гвозденовиќ ќе го замени. Сепак, извори блиски до театарот потврдија дека станува збор за еден вид бунт во театарот.

Ова го потврди и Лечиќ на својот профил на Твитер, објавувајќи ја пораката која ја добил во која се наведува дека претставата „Kad su cvetale tikve“ ќе се игра без него до понатамошно известување во договор со режисерот Бобан Скерлиќ.

Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд откри дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криеше од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ.

Таа изјави дека била силувана во 2012 година, поради што, како што рече, се преселила во Америка.

Слични содржини