Бунт во Реал: Ѕвездите на тимот се незадоволни

од Nikola Popovski
275 прегледи

Ѕвездите на Реал Мадрид се незадоволни од третманот што го имаат во клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

„Ел Ларгуеро“ и „Калчомеркато“ пренесуваат дека тројца фудбалери се незадоволни од статусот во тимот и дека се свртеле против тренерот Карло Анчелоти.

Станува збор за Марсело, Иско и Марко Асенсио.

Споменатите тројца Анчелоти не ги гледа во своите планови и тие се незадоволни поради тоа, особено Асенсио.

Шпанецот имаше понуди во текот на летото, но тој не сакаше да го напушти Реал.

Марсело во моментов е трет лев бек на тимот зад Менди и Алаба, одигра само две минути, Асенсио одигра 68, додека Иско воопшто не доби шанса.

Сите тројца ќе се обидат да го напуштат Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, пренесуваат Шпанците.