БУНТ во руската бригада: Дури 700 војници ОДБИЛЕ да се борат

од Stefanija Kuzmanovska

Припадниците на 64-та мото-стрелачка бригада на руските вооружени сили изјавија за истражувачкиот портал iStories дека 700 професионални војници се обиделе да ја напуштат службата, но дека нивните претпоставени не им го дозволиле тоа.

Војниците контактирале со iStories откако тој портал објавил разговори со војници кои убиле цивили и краделе од нив во украинското село Андриивки во близина на Киев на 15 август, пренесува „Медуза“.

Дваесет и едногодишниот Даниил Фролкин рекол дека командантот му наредил да убие цивил и дека тоа го направил. Другите војници кои разговараа со новинарите на порталот ги потврдија неговите тврдења.

Еден од војниците кој разговараше со новинарите, кој сакаше да остане анонимен, рече дека неодамна бил префрлен во областа Керсон во јужна Украина. Тој рече дека 80 отсто од бригадата сака да го напушти воениот рок, но претпоставените не им го дозволуваат тоа.

„Напишав неколку писма во кои изјавив дека не сакам да се борам. Секој пат ми кажуваа да одј***м“, рекол војникот.

Како што пренесува порталот iStories, заменик командантот на бригадата, полковник Андреј Прокурат, не им дозволува на војниците да ги раскинат договорите со војската, а Фролкин рекол дека токму тој му наредил да го убие цивилот.

„Постојано гледам момци како одат кај командирот за да ја напуштат службата. Како мене, секој пат им се кажува дека не е можно, дека не можат да заминат и дека мора да продолжат да служат. После тоа им велат да одј***т. Затоа сите одат во базата во Хабаровск за да поднесат барање за напуштање на војската таму“.

Тој војник рече дека не можете да ја напуштите Украина бидејќи е опкружена со контролни пунктови. Некои војници кои одбија да се борат, вклучително и Фролкин, успеаја привремено да заминат во регионот Белгород во Русија, но потоа биле испратени во Херсон.

„Барањата на војниците кои заминаа беа потпишани од заменик командантот, но не и од командантот. Раководството воопшто не се грижи за војниците“, додаде тој.

Тој војник рече и дека оние војници на кои им истекле договорите во мај се уште се борат и дека добиваат повисоки плати за нивниот ангажман.

Друг извор кој разговараше со новинарите на iStories потврди дека командантите им наредиле на војниците да убиваат цивили во областа околу Киев. Командантот Азатбек Омурбеков, наводно, неколку пати им наредил на војниците да нападнат цивилни возила и да убијат „секој кој има телефон“.

Порталот iStories наведува и дека командантите ги принудувале војниците да се фотографираат додека Украинците пукале со ракети кон нив и да поднесуваат лажни пријави до претпоставените.

Слични содржини