Бунт во затвор во Бугарија, им го запреле порното на затворениците

од desk3
123 прегледи

Затворениците од затворот во бугарскиот град Враца се дигнаа на бунт против раководството , бидејќи им го запреле порното на телевизија. Тоа го соопштија од ГД “Спроведување на казните”. Секоја ќелија во затвророт располага со телевизор. Со години осудените таму имале пристап до канали кои пуштаат филмови со порнографска содржина по полноќ.

20160205.ssxkdsvzgs

Пред околу два месеци, сепак од раководството го смениле операторот на кабловска телевизија, признаа од таму. Потоа се покажало дека п ниту еден канал не емитува филмови за возрасни. Штом го утврдиле тоа масовно затворениците почнале да бараат објаснување за промената од стражарите. “Работите почнуваат да ескалираат и во моментов криминалците буквално тргнуваат на бунт против раководството”, признаа вработените на затворот во Враца. Бандитите се одлучиле да соберат потпис за петиција, со која сакаат оставката на шефот на затврорт, кој го одзел нивнното задоволство да гледаат порно. Ако нема резултат, се закануваат да започнат штрајк со глад.

Од Министерството за правда немаат идеја дека некогаш во затвророт во Враца затворениците имале пристап до филмови за возрасни, признаа од таму пред “Телеграф”. “Обврска е на администрацијата на затворот да обезбеди континуирано време за спиење не помалку од 8 часа на ден, поради што не е дозволено да се гледа телевизија од 22 часа до 6 наутро”, велат од МП во официјален одговор на прашањето во кои од вкупно 15-те затври во Бугарија се гледа порно. Од Министерството се категорични дека нема практика на затворениците да им се обезбеди пристап до сексканали на телевизија.