286
Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов во изјава за Би-Би-Си оцени дека бунтот на платеничката група Вагнер го означил „почетокот на крајот“ за рускиот претседател Владимир Путин.
Касјанов, кој беше премиер на Русија од 2000 до 2004 година и кој е гласен критичар на Путин, вели дека рускиот претседател е во „многу голема неволја“ во моментов.
Касјанов рече дека очекува лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин да замине во Африка и „да биде некаде во џунглата“ по неговото патување во Белорусија.
– Путин ова нема да може да му го прости, рече тој, додавајќи дека животот на Пригожин сега ќе биде под „голем знак прашалник“.