Бунтовниците што ги поддржува Турција соборија хеликоптер на северозападот на Сирија.

Се верува дека хеликоптерот ѝ припаѓа на сириската влада, објави турската телевизија „ТРТ Хабер“. Хеликоптерот бил соборен јужно од Идлиб, пренесе „Ројтерс“.
Според првичните информации, хеликоптерот е разнесен од земја со рачен ракетен систем „земја-воздух“.
„Потврдено е дека сите четири членови на екипажот загинале“, соопштил сириски воен извор.
https://www.youtube.com/watch?v=Qw3fSrzuxMk&feature=emb_title