Бура пред финалето: Нејмар влезе во војна со Бразилците, а Меси има само една цел

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Меси или Нејмар? Аргентина или Бразил? Ќе биде познато рано наутро по финалето на Копа Америка, кое ќе започне два часа по полноќ на легендарната Маракана.

Двете најдобри репрезентации на Јужна Америка, предводени од две суперsвезди, ќе се натпреваруваат во финалето на Копа Америка, а јасно е дека на тронот има место само за една.

Ќе биде тоа и војна помеѓу двајца пријатели, Лионел Меси и Нејмар, кои овојпат ќе мора да заборават на тоа и да станат лути ривали на теренот.

Барем во текот на 90 минути од решавачкиот натпревар. За Лео Меси, освојувачот на дури шест Златни топки, тие често велат дека тој не е најголемиот досега, бидејќи тој не освоил ништо со Аргентина.

Ова е единствена можност за него, кога веќе не се прослави на Светското првенство во Русија пред три години, да го земе трофејот на Копа Америка и да ги затвори устите на критичарите. Јасно е дека аргентинскиот волшебник во задниот двор на лутиот ривал има само една цел.

Секако, за него е далеку од лесно, со оглед на тоа дека пред себе има мотивиран домаќин, предводен од првата sвезда Нејмар.

Нејмар и Меси беа неразделни во Барселона, пред Бразилецот да реши да излезе од сенката на Аргентинецот кој беше суверен лидер и да се пресели во Париз каде потпиша договор со Пари Сен Жермен.

Сепак, далеку од тоа дека тука имало „лоша крв“. Напротив! Тие продолжија да го негуваат пријателството, а Нејмар многу го цени неговиот постар колега.

„Кога дојдов во Барселона, тој прв ми пријде и ми рече да не се плашам да побарам помош, што и да ми треба. Тој секогаш беше таму, ме гледаше како помлад брат, нема подобар човек во фудбалот од Лео Меси“, рече Нејмар еднаш.

А, кога станува збор за финалето на Копа Америка, Нејмар ги шокираше сите со изјавата дека е навивач на Аргентина.

„Ја сакам Аргентина во финалето, имам многу пријатели таму и нормално дека дека мило ми е што победуваат и ги сакам во финалето. А потоа? Сакам да ги победам таму, се разбира “, изјави Нејмар.

Но, Нејмар влезе во војна со своите Бразилци, бидејќи има и такви кои ќе ја бодрат Аргентина во финалето поради Меси.

„Јас сум Бразилец со голема гордост и љубов кон татковината. Отсекогаш сум сонувал да носам бразилски дрес и да слушам песна од нашите фанови. Го поддржувам Бразил во кој било спорт, во кое било натпреварување. Ако Бразилец се натпреварува во моделирање, јас го поддржувам. Ако е Оскар или што било друго, навивам за Бразилците. Каде и да игра Бразил, јас го поддржувам. И се прашувам: Кој е Бразилец и не го прави истото? Ако е така, јас го почитувам тоа, но од*бете“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Маракана е подготвена, Бразил и Аргентина, Нејмар и Меси исто така подготвени, па останува да видиме кој ќе излезе од таа голема битка како апсолутен победник.

Слични содржини