Бура среде НБА плејофот: Познат играч ги исфрлил сопругата и едногодишното дете од дома

од Nikola Popovski
294 прегледи

Руди Гобер, центарот на Минесота, блеска на паркетот со Тимбервулвс кои обезбедија пласман во финалето на Западната конференција, но надвор од теренот минува низ вистинска бура.

Имено, како што пишува американски „TMZ“, Гобер раскинал со својата девојка Џулија Бонила непосредно пред почетокот на плејофот.

Како што додава TMZ, сè се променило во нивната врска кога Џулија дознала дека е повторно бремена.

По конфликтот, Гобер ѝ рекол дека таа и неговиот едногодишен син морале да го напуштат заедничкиот дом.

Ваква драма сигурно не ѝ беше потребна на Минесота, која успеа да стигне до финалето на Западот втора година по ред. Тие сè уште не знаат против кого ќе играат, бидејќи Денвер и Оклахома закажаа „мајсторка“ во недела. Моментален резултат е 3-3 во серијата, а се игра до четири добиени натпревари.

Во плејофот, Гобер забележува 8,9 поени со 9,6 скока и 1,3 блокади по натпревар.