Бурата сè уште го опустошува Тексас, се зголемува бројот на жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Додека жителите на Тексас продолжуваат да се борат со последиците од смртоносно студеното време, голем дел од источниот дел на САД е погоден од снег, мраз или дожд.

Предупредување за студено време е на сила за околу 78 милиони Американци, а сериозно предупредување за студ и замрзнување за повеќе од 27 милиони.

Најмалку 38 лица починаа во САД од последиците на невремето или ниските температури од минатата недела. Властите претпоставуваат дека уште осум смртни случаи се поврзани со временските непогоди, но ги чекаат наодите од обдукција.

Многу жители на Тексас сè уште се на температура под или близу нула без струја и греење.

Многу жители поради тоа бараа различни начини на загревање; користејќи генератори, греење на дрва, а некои привремено се преселија во своите возила.

Слични содржини