Бургер Кинг со шокантна објава за 8 Март: „Жените припаѓаат во кујната“

од Stefanija Kuzmanovska
429 прегледи

Ланецот ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ ја шокираше јавноста објавувајќи на Твитер дека „Жените припаѓаат во кујната“ и тоа на 8 март.

По бурните реакции следеа твитови со „појаснување“.

– Ако сакаат, секако. Сепак, само 20 отсто од готвачите се жени. Ние сме во мисија да го смениме односот на полот во угостителската индустрија со тоа што ќе им дадеме моќ на жените да ја продолжат кулинарската кариера – се наведува во следната објава.

– Горди сме што започнавме нова програма за стипендии што ќе им помогне на вработените во „Бургер Кинг“ да ги остварат своите кулинарски соништа – велат тие.

Следеа коментари дека ова е лоша реклама и дека било потребно тоа да се истакне во првата објава.

Слични содржини