Бурка, буркини, буркисими – дрескод интернешенел

од desk3
101 прегледи

Во Саудиска Арабија дописничките на CNN задолжително ставаат марама, дури и да не се муслиманки. Па, ние пак за инает ќе ги тераме да ја симнат облеката на нашите плажи. Места со свои дрескодове! Детски работи- анализира DW.

0,,18570619_303,00
Дајте да почнеме по ред. Многу луѓе гледаат во овие форми на облекување религиозен знак. И бидејќи сакаат муслиманите некако да станат невидливи, ja забрануваат таканареченaтa бурка / обично станува збор за сосема друго, но зборот очигледно им се допаднал /. Само што покривањето на женската коса не е религиозен атрибут, туку форма на пристојност. За разлика од викањето на оџата за молитва или биењето на камбаните на црквата, на пример.
Ако треба да бидат забранети религиозните симболи треба да се вратиме на францускиот закон од 1905 година за секуларната држава, кој забранува и на католичката курија – како на сите други свештенослужители – да одат надвор од храмот со религиозни одежди. Да размислуваме за литиските поворки и закачувањето на борбените знамиња. А зошто не и за Њу Ејџ – за пренесуваните по јавните медиуми астролози, Ванѓа, екстрасенси. Но дали тоа е можно денес, кога општествата се де-модернизираат и задгробниот живот се враќа во сите негови можни форми, се сомневам.
Знаме на отпор

Пристојното, како што го разбираат повеќе традиционални муслимански заедници, на нас ни се привидува како угнетување над жената. И во извесна смисла е тоа. Само што жената тука не е – или не е секогаш – жртва, туку активен учесник во љубовната игра. Муслиманките го прашуваат саканиот дали тој сака да се забрадени – го прават тоа заради него, да го задржат. Сосема истото е со невиноста, која до пред Втората светска војна и кај нас / на Запад до пред Првата / била вреден ресурс на брачниот пазар, често повод за драми и самоубиства. Многу муслимански девојки денес практикуваат операција за обновување на хименот, па да имитираат невиност; го прават и на многу места во Индија. Добро, замислете закон со кој ќе забраниме на девојките да се мажат девстевни – да речеме во деветти класа училишниот лекар врши соодветна операција и тие се слободни. Еманципирање, нели? Но наметнатото со принуда би имало монструозни последици. Како сега забраната на одредени облека ги претвора во знаме на отпор. Да, се сеќаватели револуционерната улога на фармерките, на знакот за нашата генерација?

0,,19473195_401,00
Пред еден век Викторијанските дами се капеле облечени до глуждот токму онака како што го прават тоа денеска во Мароко или Египет. Точно, малку се назад таму со модернизација – но значи ли тоа дека се принципиелно различни од нас? Па треба време, требаат филмови, треба туристичка циркулација, треба да се појави средна класа … А што се однесува до Буркините создадена од австралиската дизајнерка Аеда Занети во 2000, во нив пак сосема нема ништо традиционално и фундаменталистички. Тие се моден атрибут, сличен на хиџабите на Коко Шанел, насоченн кон богатата муслиманска публика. Дали локалните луѓе во Кан или Корзика се иритирани од солидарност со угнетените жени, или едноставно бараат израз на праведниот гнев поради нападите? Барам некакво логично оправдување во забраната на Буркините – ами можеби тоа е како со нудистичките плажи, на кои сите треба да се голи и кога че се појави облечен го бркаат. Но тогаш треба да има плажи за оние кои се срамат, нели така.

Зошто жените?

Третата и најважна хипотеза е безбедноста. Што точно можат да кријат под Буркината, не можам да замислам; очигледно станува збор за широките фереџиња. Добро, ми се чини очигледно дека во нашите општества секој треба да е подготвен да го открие лицето за проверка. Да помине на скенер, да даде отпечаток. Не можеш да возиш автомобил без отворено лице, да се јавиш на испит, да работиш на шалтер, да отвораш банкарска сметка. За тоа нема потреба од посебен закон и кој не е подготвен да биде проверуван од органите на редот, нема место во модерните општества. Но зошто токму врз жените се струполуваат овие сомневање? Дали пак не сакаме да ги натераме токму најслабите да платат за нашиот страв ?
Проблем е што анегдотскиот разум на современите медиуми веднаш вади некоја случка, околу која избликува огорченост. “Можете ли да замислите, побарале девојките да не влегуваат во базенот со момчињата, рекле дека нивните човекови права се прекршени!” Околу такви случки се концентрира омразата кон муслиманите денес, а оправданието ни е дека сакаме да помогнеме на угнетените жени. Точно, многу е важно да се занимаваат со овие луѓе социјални работници, наставници, соседи и пријатели. Но оваа работа е долгорочна и ќе биде глупаво да почнеме од надворешните знаци како шамијата. Станува збор за еднаквост на мажот и жената, извојување донекаде од нашите општества пред половина век. За еднакви плати, борба против дискриминацијата, мобилност, домашно насилство, слобода при изборот на партнерот. Во текот на оваа борба прашањето со облеката ќе се реши само по себе.

Погледнете го од дистанца: места со свои дрескодови. Во Саудиска Арабија дописничката на CNN задолжително ставаат марама, дури и да не се муслиманка. Па, ние пак за инает ќе ги тераме да ја соблечат облеката на нашите плажи. Детски работи.