Снимките и фотографиите од Охрид кои кружат овие денови покажуваат дека луѓето заборавија дека вирусот постои и се препуштија на забава и дружења без да се почитуваат мерките.
Музика, журка забава без маски и дистанца.
Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет.
– Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете, порача Филипче на својот ФБ профил.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.
И Твитер коментарите не изостанаа на оваа тема, дел од нив пишуваа дека по две недели ќе се види кој како си поминал во Охрид.
Видеата од кафаните во Охрид, Скопје и други места освен очигледното, покажуваат и дека голем дел од угостителите не чувствуваат ниту грам општествена одговорност. Мислам дека е корисно ова да се запамти следниот пат кога ќе имаат потреба од помош од државата.
— 4️⃣2️⃣ (@forty_tw0) August 3, 2020
Па чекај сега, може да се разболи на работа ама не на плажа во Охрид?
— Dimko (@ddimkooooo) July 26, 2020
https://twitter.com/kashlicaa/status/1289486797773451264
Као да ви кажам, ја не сакам да лежам на пуна плажа у Охрид у нормални услови а не сеа.
— Lapte K. (@Lapte2000) August 2, 2020
Гад ми е од сликиве што ги гледам луѓево вака начукани на плажи у Охрид, толку ли не сте иживеани па сад или никад на плажа ?
— Куроф (@make_donium) August 1, 2020
Охрид полн како никогаш до сега. Маска никој не носи. Растојание на плажа слабо се почитува. Корона ина или нема?
— Убавицата И Ѕверот (@XtYqT9aUDXD1cNm) August 1, 2020