Буш: Бајден направи грешка со повлекувањето на војниците од Авганистан, последиците ќе бидат лоши и тажни

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш во средата повторно го критикуваше повлекувањето на војниците на САД и НАТО од Авганистан, бидејќи владата во Кабул, поддржана од САД, се чини дека се повеќе е загрозена, додека талибанските борци продолжуваат да напаѓаат низ целата земја.

На прашањето дали повлекувањето е грешка, Буш во интервју за германски ДВ рече: „Мислам дека беше. Затоа што мислам дека последиците ќе бидат неверојатно лоши и тажни“.

Буш, чија администрација ја започна американската воена инвазија на Авганистан во октомври 2001 година, конкретно ја наведе несреќата на авганистански жени и девојки за кои рече дека можат да „претрпат ненадоместлива штета“ од талибанците.

Буш изрази слична загриженост во врска со судбината на илјадници авганистански преведувачи – како и нивните семејства – кои им помагаа на силите на САД и НАТО за време на дведецениските воени напори.

„Изгледа дека ќе ги остават да бидат заклани од овие многу брутални луѓе“, рече Буш. „И тоа ми го крши срцето“.

Забелешките на поранешниот претседател доаѓаат кога дури и високи претставници на администрацијата на Бајден го признаа она што портпаролот на Пентагон, Џон Кирби го опиша како „влошена безбедносна состојба“ во Авганистан, каде талибанците тврдат дека презеле 85 проценти од територијата на земјата.

Слични содржини