Бутел се прости од Тот: „Беше голем професионалец, ќе те паметиме засекогаш!“

од Nikola Popovski
297 прегледи

Клубот на трагично починатиот ракометар Денис Тот за првпат се огласи. Од РК Бутел соопштија дека со длабока тага и неверување ја примиле веста за смртта на Денис.

-Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!, објавија од суперлигашот.

Хрватскиот ракометар почина на одделението КАРИЛ на 27-годишна возраст. Покрај Бутел Скопје, во Македонија играше и за ГРК Охрид. Во текот на утрото пристигна информација дека ракометарот бил претепан, но оваа информација ја демантираше МВР, соопштувајќи дека бил примен во болница без траги на насилство.

Слични содржини