Поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца-Николовска од Институтот за човекови права смета дека има проблем во затворите, но прашува што ќе се постигне со Законот за амнестија.
-Не сум сигурна дека ќе се расчистат проблемите со амнестијата. Еден дел ќе се ослободат, но државата мора да размислува на друг начин да овозможи извршување на казните да биде на достоинствен и соодветен начин. Тоа е нешто што треба да се види во кој дел и кој однос и која ситуација ја покрива. Не може со амнестија се да се покрие. Сепак е добро што се отвора ова прашање, рече Николовска пред новинарите.
За опфатот на кривичните дела во законот, вели дека не е многу јасно и сигурно како ќе оди.
-Дајте да видиме да почне стручно да се дискутира проблемот, а не политички, истакна Николовска.