Цаноски стравува дека ќе застари и „ТНТ“, Апелација денес со јавна седница

од Nikola Popovski

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи јавна седница за случајот „ТНТ“ поврзан со рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“. Фијат Цаноски, сопственик на фирмата „ФИНЕ“ вчера на прес-конференција обвини дека екс-премиерот Никола Груевски е директно поврзан со низата малверзации што се прават со случајот ТНТ за уривањето на објектот Космос, за делата за него, како и на екс министерот за транспорт Миле Јанакиески да застарат.

За овој преседан кој излегува од границите на ЗКП на прес – конференцијата беа изнесени факти за правната процедура на предметот, намерните одлагања во постапувањето, раздолжување на предметот во жалбена постапка, непостапување со достава на предметот до Основниот кривичен суд за исправка на грешка на Пресудата која грешка некој намерно ја сторил, и не закажување на термин за советување и носење на пресуда на Советот.

Според првостепената пресуда на Кривичниот суд, Цаноски треба да добие отштета од речиси 11 милиони евра поради уривањето на комплексот.

-На 8-ми Мај 2023 г е одржана јавна седница на Апелациониот суд за овој предмет. Иако рокот за да се донесе Одлука после оджаната Јавна седница е 60 денови согласно ЗКП, судијата известител и претседател Ѓоко Ристов и со надминати рокови свесно сеуште не го става преметот на гласање иако Пресудата мора да го носи датумот на одржанта јавна седница 8ми мај 2023 г. На веб страната на апелациониот суд незаконски е закажана НОВА ЈАВНА СЕДНИЦА во понеделник на 6 ноември 2023 г. во 9 часот и 30 минути, порача Цаноски.

Од Апелација вчера истакнаа дека по исполнување на условите за старосна пензија, судијата Лидија Димчевска е разрешена од судиската функција и за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје, на ден 03.02.2023 година е назначена судијата м-р Мери Дика Георгиевска.

-По превземање на функцијата вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје, судијата м-р Мери Дика Георгиевска нема превземено ниту едно дејствиe во насока на прераспределба на предметот кој и понатаму останал во работа кај судијата известител, кој воедно е и претседател на советот од петмина судии кој постапува по конкретниот предмет, стои меѓу другото во соопштението.

Случајот ТНТ беше поднесен и во судот во Стразбур во 2013 кој првично ја прифати, но потоа во 2017 откако се формира СЈО и го презеде случајот, им беше речено дека правните можности за овој случај се уште не се исцрпени во Македонија и дека не можат тие да постапуваат се додека не се завршат сите судски инстанци.

Слични содржини