Царина го става во оператива Секторот за посебни истражни мерки

од Vladimir Zorba
909 прегледи

Секторот за посебни истражни мерки кој согласно закон ќе има надлежност за следење на комуникации и физичко следење ќе почне да функционира.

„Царинската управа го има како законска надлежност, а имаме и опрема која не е ставена во функција. Криминалците ги користат сите технолошки средства за измами, што бара соодветен одговор, односно ставање во функција на сите технолошки капацитети и стручни кадри кои ќе дадат соодветен одговор во спречување на криминалните дејствија”, изјави директорот на Царина, Стефан Богоев.

Покрај Секторот за посебни истражни мерки, Богоев вели дека интензивно се разговара со меѓународните институции за набавка на боди камери за царинските службеници на граничните премини, како и ставање во функција на системите на паметни камери кои што сега ни е во завршна фаза набавката преку Светска банка.

Со зголемување на капацитетите за борба со криминалот и сузбивање на корупцијата, при истовремено зголемување на транспарентноста и информирањето на јавноста за последиците од вршење криминални дејствија се очекува намалување на обидите за противзаконски дела и активности.

Слични содржини