Царината спречи обид за криумчарење на 30 кг тутун за наргиле на Табановце

од Nikola Popovski
127 прегледи

На 25.4.2023 година, царинските службеници на граничниот премин Табановце на влез во државава спречија обид за криумчарење на 30 килограми ароматизиран тутун за наргиле.

Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 гр ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило.

Со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки во износ од над 65 илјади денари.

Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции.

Слични содржини