Царината спречи шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на „Богородица“

од Nikola Popovski
183 прегледи

Царинската управа информира дека е спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во РС Македонија преку граничниот премин Богородица.

Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900.

Царинските службеници штеките цигари ги откриле во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин.

Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.

Слични содржини