192
Вчера во вечерните часови царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.
Имено, на 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм.
Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на Секторот за контрола и истраги од Царинската управа против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.