Царината заплени ракија, маслиново масло и планински чај на „Блато“

од Nikola Popovski
369 прегледи

Царинската управа информира дека вчера на граничниот премин Блато на влез во државата, царинските службеници спречиле обид за нелегално внесување на непријавени производи кои се наоѓале во патничко моторно возило со дански регистарски таблички.

По извршена контрола на возилото кое се пријавило како празно, а лицето К.С. не дозволувало да се изврши преглед во багажот и задниот дел пронајдени се 59 литри маслиново масло во 4 канти, 19 литри бела домашна ракија во 8 шишиња и 7,5 килограми планински чај спакуван во 21 најлонска ќеса.

Вредноста на привремено задржаната стока изнесува 28.560 денари, додека вредноста на избегнатите давачки изнесува 11.873 денари, а против лицето е поведена соодветна постапка.

Слични содржини