Царинската управа најави жестока борба против криминалот и корупцијата

од Nikola Popovski
36 прегледи

Подигнување на статусот на професијата, жестока борба против криминалот и корупцијата преку унапредување на разузнавачките капацитети, но и примена на стратешки пристап од страна на сите институции. Ќе се менува и пристапот во обуките при што истите треба да бидат теренски и суштински, а нив ќе ги посетуваат единствено лица кои ќе покажат високо ниво на професионалност. Ова беа едни од суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и Марк Диксон, шеф на Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Двете страни се согласија за интензивирање на соработката, која треба да резултира со зајакнување на институционалните капацитети во борбата со организираниот криминал.

„Мора да имаме суштински институционални промени, целта ни е подигнување на професионализмот на службата, каде безбедносните политики ќе ги спроведуваат лица со високо ниво на професионалност, интегритет и лидерство”, истакна Николовски.

Шефот на Одделот за развој на полицијата во ОБСЕ, Диксон, истакна дека една од целите на мисијата на ОБСЕ е да ја подобри интероперабилноста помеѓу институциите се со цел ефективна борба со организираниот криминал. Воедно потенцира дека институциите треба да се фокусираат на рана интервенција и спречување на криминалот и корупцијата.

Слични содржини