Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, нагласи дека во април Царинската управа остварила приходи од 11,7 милијарди денари (190,4 милиони евра), што е зголемување од 7,3% или 12,88 милиони евра во споредба со истиот месец лани. Приходите од данок на моторни возила пораснаа за 20,5%, од царина за 14,1%, а од акцизи за 16,3%.
Во првите четири месеци од 2025 година, наплатата изнесува 41,2 милијарди денари (670,27 милиони евра), што е за 26,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Николовски истакна дека овие резултати ќе овозможат инвестиции во капитални проекти, како што се училиштата, болниците и инфраструктурата, како и зголемување на платите и пензиите.
Тој додаде дека успехот е резултат на зголемена контрола, тимска работа и подобрена институционална координација. Царинската управа ќе продолжи да работи на зголемување на ефикасноста и на сузбивање на криминалот и корупцијата.