Цеков: ЗНАМ сеуште нема конкретен став за минималната плата

од Даниел Ѓорѓиевски
34 прегледи

Движење ЗНАМ  засега нема формулирано конкретен став за минималната плата, поради тоа што темата е релативно нова, изјави од прес центарот на собранието пратеникот Миле Цеков. Според него,  Партјата активно работи и се грижи за правата на работниците, но и дека има постојана координација со синдикатите.

,,Ние сеуште немаме изградено став за минималната плата бидејќи тоа се случи скоро, пред 10 минути СДСМ поднесе закон во собранието. Секако Движење ЗНАМ работи и се грижи за работниците и ние сме во секојдневна координација со синдикатите, покрај тоашто СДСМ денес објави законски измени, ние ќе ја дебатираме таа тема и ќе излеземе со наши заклучоци” изјави Цеков.

Оваа изјава доаѓа во моментот кога СДСМ објави законски измени поврзани со минималната плата во собранието. Цеков Најави дека ЗНАМ ќе ја разгледа состојбата и наредниот период и ќе излезе со свои заклучоци.

Слични содржини