Цел одбојкарски тим исчезна под урнатините во земјотресот: Спасувачите пронајдоа три тела

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

При претресот на урнатините на хотелот во кој за време на земјотресот престојувала целата училишна одбојкарска екипа, спасувачите пронашле три тела.

Официјални лица изјавија дека спасувачките тимови ги извлекле телата на двајца наставници и еден ученик од урнатините на хотелот „Исијас“ во Адијаман.

Кога во понеделникот разорниот земјотрес ги погоди Турција и Сирија, во хотелот престојуваше спортска група од 39 лица, вклучувајќи машки и девојчиња. Спортистите во придружба на нивните наставници и родители отпатувале во Адијаман од турскиот колеџ Фамагуста Маариф, пишува Би-Би-Си.

Според информациите на медиумите, четворица членови на групата го преживеале земјотресот откако се урнала седумкатницата. Очигледно успеале сами да побегнат од урнатините. Потрагата по други членови на тимот продолжува.

Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.000, а бројот може да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради. Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени.

Слични содржини