Цела ЕУ застана на страната на Бугарија, вели Петков за одвојувањето на Албанија од Македонија

од Nikola Popovski
182 прегледи

„Времето покажа дека договорот што го направивме за време на нашата влада – „францускиот предлог“ се покажа многу добар за Бугарија. Во реалноста, целата Европска Унија застана на страната на Бугарија, а Република Северна Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот Устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен“, изјавил Кирил Петков, еден од лидерите на бугарската „Продолжуваме со промените“ и поранешен бугарски премиер во врска со одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, Албанија да се одвои од Македонија на патот кон влез во ЕУ.

Тој изразил надеж дека „Република Северна Македонија ќе ја преиспита својата позиција, бидејќи она што сега се случува е дека Албанија се одделува (од пакетот) и ќе продолжи побрзо“.

Слични содржини