Камерите на руската државна телевизија „Русија-1“ снимија нешто што воопшто нема да му се допадне на рускиот претседател Владимир Путин, пишува Дејли Мејл.
Штом полковникот во руските резервни сили, Игор Короченко, во емисијата „60 минути“ тврди дека уништувањето на хидроцентралата Каховка во регионот Керсон било дело на Велика Британија и Соединетите Американски Држави, домаќините на шоуто, Олга Скабаева, пропагандистка блиска до Путин, ги преврте очите и на тој начин го доведе тој наратив во прашање.
– Ова е директна одговорност на Лондон и Вашингтон. Мора да ги нарекуваме работите со вистинското име – рече Короченко.
Москва го обвини Киев за уништувањето на хидроцентралата и поплавата на Херсонската област низводно од неа, што пак го впери прстот на вината кон Москва.
Короченко, главен уредник на руското списание Национална одбрана, побара од панелистите на „60 минути“ да се потсетат на концептот наводно предложен од американската тинк-тенк корпорација RAND.
– Русија сака да се оптоварува, тие сакаат да ги ангажираат нејзините сили за да бидат во дисбаланс. Еден од тие елементи е масовниот терористички напад за кој сум сигурен дека се планирал во Вашингтон и Лондон. Мислам дека прво треба да размислуваме за Британците – изјави Короченко.
Додека ги изнесуваше своите тези, Скабаева се обиде да се фокусира на кажаното, но едното око и „избега“. Работите да бидат уште полоши, режисерот се фокусираше на неа додека таа ги превртуваше очите.
"London and Washington blew up the Kakhovka dam" – Russian propaganda.
Note the facial expression of Russian propagandist Skabeyeva. pic.twitter.com/IRn5ZZli9R
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 6, 2023