Celebras“ го претстави најголемиот процесор во светот

од Vlatko K
137 прегледи

Едвај ли првата асоцијација што ни доаѓа на ум кога ќе го спомнете зборот процесор е „Celebras“.
Всушност, голема е веројатноста дека никогаш не сте го чуле тоа име. Ова е иновативен стартап кој
веќе собра финансирање од некои од најголемите инвеститори во светот на технологијата.


„Celebras“ го претставија својот прв производ што предизвика одличен одговор. Причината – тоа е
најголемиот процесор што некогаш е создаден.

Уникатниот чип се заснова на Wafer Scale Engine (WSE), кој е оптимизиран специјално за „Deep
Learning“ пресметки. Според официјалните податоци на компанијата, новиот процесор има
неверојатни 1,2 трилиони транзистори. Вкупната површина е 46.225 mm2. За споредба, сегашниот
рекордер е произведен од NVIDIA и е 56 пати помал од конкурентот на „Celerbas“, пренесува
„mspoweruser“.