Цели населби во Скопје имаат проблеми со снабдувањето со вода, од Владата велат дека ингеренциите не се кај нив

Владата нема ингеренции за проблемите со водата во Скопје

од Nikola Popovski
56 прегледи

Запрашан дали Владата може да се приклучи во решавањето на проблемот со снабдувањето со вода во делови во Скопје поради дивите приклучоци и нерационалното трошење, министерот за локална самоуправа, Златко Перински упатува дека ингеренциите се во Градот Скопје, согласно Законот за локалната самоуправа и Законот за води.

-Владата нема никакви ингеренции. Ова е кулминација од сите наталожени проблеми кои што го тиштат Градот Скопје. Проблемите кулминираа и во рамките на самите јавни претпријатија. Станува збор за технички проблем, а уште поинтересно е да видите каде се најголемите инвестиции кои што Градот Скопје и јавните комунални претпријатија ги имаат направено во изминатите три години и многу брзо и јасно ќе ви стане за овие технички проблеми, кажа Перински на прес-конференција во Владата.

Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во Скопје денеска остана без вода. Изминативе денови во болницата имале слаб притисок, а од утрово снемало целосно вода. Не станува збор за дефект туку, бидејќи болницата се наоѓа во висока зона, нема вода исто како и целата населба Водно.

Цели населби во Скопје, особено оние во повисоките зони, во изминативе десетина дена имаат проблеми со снабдувањето со вода. Жителите на Водно, Железара, Автокоманда, Ченто, Маџари и други делови од градот со часови се без вода во текот на денот и остануваат дежурни во текот на ноќта за да обезбедат вода барем за технички потреби за наредниот ден. Некаде пак, притисокот е многу слаб.

Слични содржини